Патриотски приказни
Св. Климент Охридски: Просветителот словенски
Во историјата на секој народ има времиња, настани и личности кои му даваат белег на едно време кој опстојува и живее во и преку идните генерации. “Животот на знаменитите дејци не се мери по должина на векот, туку по значењето и зрачењето на животното дело во историјата”. Така и македонскиот народ има историски личности со универзално значење, од кои една од нив е и Св. Климент Охридски. Вероучител, религиски писател, богослов, просветител на луѓето преку Христовата вистина. Ученик на Св. Кирил и Методиј, нив придружник во мисијата во Моравија и со тоа просветител на словенскиот народ, основач на Охридската книжевна школа и прв словенски епископ во Македонија, а со тоа и преку неговата дејност просветител македонски.
Глаголица или кирилица: Историски факти
Можно е да учествувал во создавањето на глаголицата, меѓутоа заблуда е дека Св. Климент е творецот на кирилицата. Историски факт е дека тој во неговата школа во Охрид се придржувал до глаголицата на неговите учители. Кирилицата била создадена во Преславската школа од страна на учениците на Св. Кирил и Методиј, каде што се употребувала од крајот на 890-тите години, додека во Охридската започнала да се употребува неколку векови подоцна.
Наследството што опстојува низ вековите
И покрај тоа, Св. Климент е личност со огромно значење за сите словенски народи и особено за Македонците и Македонија, каде што неговото наследство опстојува. Нека е за многу години денот!
Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD
Маици
Дуксери