31 година независност, 31 година понижувања
Минатите месеци ни послужија како потсетување на сите понижувачки моменти кои македонската нација и република ги има доживеано од нејзиното осамостојување. Споменикот на ОНА и клубот „Ванчо Михајлов – ВМРО“ се само мал дел од понижувањата и исмејувањата на Македонците во овие неколку децении.
Младата Република уште по осамостојувањето остана без најголемиот дел од своето вооружување за време на отцепувањето од тогашна Југославија. Веќе во 1995 година, под долгогодишен притисок од страна на Грција, знамето на Македонија и етничките Македонци е променето. Беше модифициран изгледот на етничкото знаме на Македонците – Ѕвездата од Кутлеш, а таа беше заменета со денешното знаме. Како најголемо газење на Македонецот без конкуренција се последиците на конфликтот од 2001 година. Потпишувањето на Охридскиот рамковен договор претставуваше преседан кој го започна процесот на омаловажување на Македонецот во својата држава. Беше извршена територијална реорганизација со која значително се намали процентот на Македонци во неколку градови и општини (Тетово, Гостивар, Струга, Чашка, Скопје).
Во единствениот случај кој од конфликтот во 2001 година кој заврши на Меѓународниот суд за воени злосторства повторно погазен беше Македонец. Проектот за изградба на музеј-црква на скопското Кале беше спречен од група на албански демонстранти. По црквата во 2011, албански демонстранти го бојкотираа градењето на крст висок 55 метри во општина Бутел. Куманово, 2015 година. На 9 мај започнува акцијата за разбивање на албанска терористичка група која сочинува од 40-50 членови. Животот го губат осум припадници на специјалните единици на македонската полиција, а 37 други се повредени.
Грчките ултиматуми кулминираа со Преспанскиот договор од 2019 година со кој на нелегитимен начин и против волјата на македонскиот народ беше променето името на државата.Не смееме да ги заборавиме ни бугарските провокации – издавањето на бугарски пасоши, провокативните изборни реклами и отворањето на бугарскиот клуб во Битола. Реакции повторно немаше. На запад од македонската граница, косовската влада сè уште не ги екстрадира обвинетите во случајот „Монструм“. Албанскиот премиер Еди Рама јавно се поигруваше со Димитар Ковачевски. Половина од владините министри се етнички Албанци, иако процентуално Албанците во државава сочинуваат барем двојно помалку од тоа. Македонецот сè уште си трпи, а зборовите на великанот Гоце Делчев стануваат сè поточни од ден во ден – „Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот.“