Патриотско Друштво

2001: Битка за Радуша

2001: Битка за Радуша

Додека поголемиот број на акции во конфликтот од 2001 се состоел од брзи операции и интервенции, имало и долготрајни битки кои траеле со месеци. Една таква е Битката за Радуша. Серијата на вооружени судири започнала на крајот на јуни, а траела сè до средината на август. На едната страна биле припадниците на АРМ, ЕСЗ „Тигар“ и МВР, додека албанските терористи на ОНА имале и значителна помош од Агим Чеку и неговиот Косовски заштитен корпус.

На 20 јуни се случил првиот инцидент во близината на Радуша. Припадниците на локалната теренска патрола наишле на група од 40 терористи вкопани над селските гробишта. Полицијата успешно ги изненадила и нападнала терористите и бил убиен еден од нив. Набрзо стигнале хеликоптерските единици на АРМ. Тие ги разбиле терористите и на локацијата на нивниот камп биле пронајдени шатори и докази дека местото било користено како камп за обука на ОНА.

Неколку дена подоцна една патрола на македонската полиција била нападната од терористичката ОНА. Бил користен РПГ рачен фрлач модел „Зоља“. Тука се покажува херојството на командирот Ацо Стојановски. Откако тој и Трпевски биле исфрлени од возилото, тој прво му ја преврзал раната на соборецот. Потоа успеал сам да се врати до возилото и да го извлече и третиот полицаец, Киров. Не давајќи им на терористите да се приближат цели 40 минути, тој успешно ја дочекал помошта од АРМ. 

Главната битка се одвила во средината на август, за време на „примирјето“ пред Охридскиот рамковен договор. Големи сили на КЗК ја нападнале станицата во Радуша од косовска територија. Поради обидите за политичко решавање на проблемот, претседателот не сакал да ја вклучи армијата. Сепак, биле испратени „Тигрите“ кои исто така биле опколени од бројниот непријател. Полицискиот вод во Радуша се состоел од само триесет и пет полицајци. Тој се соочувал со десет пати поброен непријател и бил препуштен сам на себе.

Најсериозен бил нападот на 11 август кога од 600 до 700 терористи ги нападнале граничарите од караулата Радуша и полициската станица во селото. Терористите биле опремени со минофрлачи, снајперски и автоматски оган. Тие ја напаѓале полициската станица од три правци – од кај кампот за бегалци, од месноста Висечки Мост и од границата со Косово. Очевидци откриваат дека терористите се доближиле до тој степен што почнале да ја сечат оградата на касарната. На крајот, херојските дејствија на македонските бранители ги одбиле сите напади на терористите, а ОНА и КЗК претрпеле преку 100 жртви, притоа кај нашите припадници на безбедносните сили немало ниту еден .

Shopping Cart

SPIN TO WIN!

  • Пробајте ја вашата среќа да добиете купон за попуст
  • 1 вртење
  • Без мамење
Пробајте ја вашата среќа
Never
Remind later
No thanks