Антика, Историја

Александар III Македонски

Александар III Македонски

Ако Филип Втори бил успешен водач кој го издигнал македонското кралство, Александар е оној кој ја освоил познатата цивилизација. И ден денес сметан како еден од најдобрите водачи во светската историја, Александар Македонски е роден 356 година п.н.е. како дете од бракот на Филип со Олимпија. Имал од кого да учи, но и самиот се истакнал во областа на војсководството и дипломатијата од најрана возраст. Негов учител во текот на неговото детство бил Аристотел.

Преземање на власта и рани походи

Александар ја преземал власт по смртта на неговиот татко. Ја разрушил Теба при првиот бунт на грчките градови-држави кои мислеле дека Александар е послаб од неговиот татко. Се решил да оди по стапките на татко му и ја нападнал Персија со Коринтската лига.

Освојувања и ширење на империјата

Во текот на неговото владеење освоил територија од Балканот на запад до Индија на исток и Египет на Југ. Персија ја поразил кај Граник, Иса и конечно кај Гавгамела. Сакал да продолжи со освојувањата и во внатрешноста на Индија, но неговата војска била преморена од долгите години изминати на пат. Затоа, одлучил да се врати назад.

Смрт и наследство

Тогаш и починал, на само 32 години. До денешен ден не се знае каде е закопан и од што починал. Најчестите претпоставки се болест, маларија или труење. Смртта на Александар значела и крај на македонското кралство и негово расцепкување на помали делови.