Патриотски приказни
Битката кај Гавгамела
Битката кај Гавгамела се одвила на 1 октомври 331 п.н.е., и претставувала пресвртна точка во походот на Александар Велики против Персиското Царство. Оваа битка била решавачки момент кој го запечатил падот на династијата на Ахеменидите и го отворила патот за понатамошна македонска доминација на Истокот.
Позадина
По победата кај Ис и освојувањето на Египет, Александар продолжил да маршира кон срцето на Персија. Дариј III во меѓувреме ја собрал најголемата сојузничка војска дотогаш, составена од различни етнички единици, и го чекал Александар на рамнините кај Гавгамела (во денешен Ирак), каде теренот бил подготвен за персиската коњица.
Распоред на силите и тактика
И покрај тоа што Александар бил бројчено надминат (околу 47.000 Македонци против над 100.000 Персијци), неговата супериорна тактика — особено т.н. „накосена линија“ — му овозможила да излезе како победник. Фалангата била на средина, коњаницата на крилата, а резервна линија стоела позади, во случај Персијците да пробат да ги заобиколат Македонците. Александар со десното крило почнал да се движи дијагонално десно, пробувајќи да ги истенчи линиите на Дариј. Во меѓувреме, Дариј нападнал со воените двоколки кои вешто биле спречени од македонската војска. Крилата на Александар сè повеќе ја раздвојувале војската на Персија и кога се отворила празнина меѓу средината и левото крило на Дариј, Александар нападнал. Дариј, испаничен, побегнал.
Александар сакал да го брка Дариј, но тогаш левото крило на Парменион побарало помош и тој одлучил да помогне на неговата војска. Бегството на Дариј ја деморализирало персиската војска која набргу побегнала од Гавгамела.
Последици по Персија
Овој пораз и смртта на Дариј од страна на неговиот сатрап Бес всушност се смета и за крај на Ахеменидското Царство. Александар ги зазеде Вавилон, Суза и Парса – и се прогласил за крал на Азија. Со тоа, Персиското Царство фактички престанало да постои, а Александар станал господар на најголемиот дел од познатиот свет.
Маици
Дуксери