Патриотски приказни
Последната битка на Александар Македонски
Битката кај реката Хидасп (денес Џелам, во Пакистан) во 326 п.н.е. е една од најтешките, но и најимпресивните победи на Александар Велики. Таму се соочи со индискиот крал Пор, кој му пружил жесток отпор користејќи масивни бојни слонови и добро подготвена војска. Многу повеќе од битка, ова бил судир на две цивилизации, две стратегии – македонската и индиската.
Географија на реката и ноќниот премин
Реката Хидасп, во тој период била преплавена и брза. Пор ја искористил реката како природна бариера, мислејќи дека Александар нема да може да ја премине. Но Александар го измамил. Во повеќе наврати ги движел неговите војници нагоре и надолу долж реката, глумејќи дека бара премин. Александар го оставил главниот камп видлив додека потајно спремал ноќен премин 27 километри низводно. Ова го направил со 6000 пешадија и 5000 коњаница. Пор дознал за ова многу доцна и испратил недоволна сила за да го спречи Александар. Во оваа помала битка загинал и неговиот син.
Индиски слонови
Во оваа битка Пор располагал со околу 200 бојни слонови, кои за првпат биле користени против македонската фаланга. Иако и Дариј имал слонови, нивната улога била минимална. Сега, македонската војска се соочила со нивната целосна моќ. Делот од војската кој нападнал со Александар сега се соочил со целата сила на Пор. Слоновите направиле голема штета во редовите на Александар, но со помош на стрелците и лесната пешадија тој почнал да ги убива. Во меѓувреме, коњаницата на Александар почнала да ги заобиколува крилата на Пор, додека неговиот генерал Коен успеал да ги нападне од зад грб. При крајот на битката и голем дел од војската предводена од Кратер успеала да ја помине реката Хидасп и да ја зацементира победата на македонскиот крал.
Исходот на битката
Во битката Александар го загубил својот верен коњ Букефал, кој подоцна бил погребан со сите почести, а Александар основал град во негова чест, Букефалија. Друг град кој го основал на местото на денешен Џалапур е градот Никеја. Иако Пор бил поразен, Александар му го поштедил животот и го поставил повторно за владетел на Хидасп во негово име. Александар сакал да го продолжи походот на Индија, но неговата војска веќе била преморена и сфатила дека нема да може да се бори уште долго ако сите други индиски кралеви толку ефикасно ги користат слоновите во битка.
Маици
Дуксери