Патриотско Друштво

Дали е можен соживот во Македонија?

Дали е можен соживот во Македонија?

Дали е можен соживот во Македонија?

Темата за соживот во Македонија е активен дел од нашето секојдневие и политика која ја форсираат неколку партии во државата. Но дали навистина е можен соживот? Вистинскиот соживот во Македонија теоретски е можен, но треба да се сменат многу работи, посебно кај албанското малцинство. Албанските политички партии треба да престанат да ги трујат Албанците во државата со шовинистички агенди и идеи за голема Албанија. Веќе три децении малцинството во државата не сфаќа дека партиите само го искористуваат за да останат на власт. Поврзано со ова, Албанците и сите други народи треба да сфатат дека Македонија е држава на Македонците. Сите се добредојдени да живеат сè додека им е јасно кој е државотворниот народ во земјата.

За соживот е потребна почит меѓу заедниците. Тоа значи да се стави крај на уништувањето, непочитувањето и омаловажувањето на македонските симболи, традиции и вера од страна на другите народи. За соживот треба да престанат заканите за граѓанска војна кои се актуелни секојпат кога некој од албанскиот политички блок нема да го добие тоа што го сака. Малцинските заедници треба да застанат на страната на Македонците. При секои преговори или надворешен политички конфликт, Албанците и другите заедници воопшто не ги земаат македонските интереси предвид. За да дојде до некаков соживот треба да се затворат сите теми за федерализација на државата и евентуално отцепување на западот од истата. Сепаратистичките идеи се изборни агенди кои водат кон насилство и влошување на односите.

Shopping Cart

SPIN TO WIN!

  • Пробајте ја вашата среќа да добиете купон за попуст
  • 1 вртење
  • Без мамење
Пробајте ја вашата среќа
Never
Remind later
No thanks