Патриотски приказни
Германскиот продор во Вардарска Македонија
На 6 април 1941 год. започнала германската инвазија на Југославија, како одговор на пучот од 27 март. На денот на пучот во Бугарија веќе се наоѓал дел од германската 12-та армија која требала да учествува во напад на Грција, а во нејзината задача била додаден и напад на Југославија.
Задачата и составот на 40-тиот моторизиран корпус
Командата на 12-та армија одредила добро подготвениот 40-ти моторизиран корпус од просторот Ќустендил-Горна Џумаја да изврши продор во Вар. Македонија. Корпусот, под команда на ген. Георг Штуме, располагал со 600 тенкови и бил составен од три дивизии: 9-та оклопна (panzer) див., 73-та пешадиска див. и елитниот СС полк „Лајбштандарт Адолф Хитлер“. Главната цел била да се пресечат патните врски помеѓу Југославија и Грција, а корпусот требал да ги елиминира југословенските единици на просторот Куманово-Скопје-Штип, со тоа што Скопје требало да биде заземено што побргу, а откако ќе се заземат останатите градови да се продолжи кон Грција. Во нападот требал да учествува и 2-та оклоп. див. од 18-от планински корп., која требала да нападне преку Струмица и Дојран кон Грција.
Југословенската одбрана на границите
Од југословенска страна границата со Бугарија била бранета од 3-та територијална армија, со три дивизии (Моравска, Брегалничка и Шумадиска) и еден полк (Струмички одред). На границата со Албанија се наоѓала Вардарската див.
Првиот ден: бомбардирања и пробиви (6–7 април)
Инвазијата во Вар. Македонија започнала на 6 април околу 5 часот наутро со воздушно бомбардирање на аеродромите во Скопје и Куманово, а во Скопје биле бомбардирани и други објекти. 40-от мот. корп. ја преминал границата: 9-та оклопна див. (со СС-ЛАХ), кај Страцин нанела големи загуби на Моравската див., продолжувајќи кон Скопје кое било освоено веќе следниот ден, на 7 април; 73-та пеш. дивизија од правец на Делчево избила кај Кочани, а на 7 април ги зазела Штип и Велес; 2-та оклоп. дивизија влегла во Струмичко, го зазела Дојран и продолжила кон Гевгелија (заземена на 7 април), а оттаму кон Кукуш и Солун.
Проширени операции кон југ и запад (8–11 април)
На 8 април СС-ЛАХ се префрлил кај Велес и на 9 април ја освоил Битола, од каде што главнината продолжила кон Леринско (судирајќи се со здружените брит.-австрал.-новозел.-грчки сили кај Веви/Баница), а дел продолжил преку Ресен и Охрид до Струга, која на 11 април била заземена од итал. 4-та алпска дивизија.
Завршување на заземањето и засилувања (10–13 април)
9-та оклоп. див. од Скопје продолжила кон Косово и кон Тетово, а од Тетово спуштајќи се на југ кон Дебар (освоен од итал. 38-та пеш. див. на 11 април) и завршувајќи го освојувањето на Вар. Македонија во Кичево (12/13 април), од каде што продолжила кон Грција преку Битола. 73-та пеш. див. исто така преку Битола продолжила кон Леринско зад СС-ЛАХ, а овие единици од 40-от мот. корп. биле засилени со 5-та оклоп. див. која на 10 април пристигнала во Скопје и од таму продолжила кон Леринско.
Карактеристики на продорот и распадот на одбраната
Најбрзото освојување на територијата на Вар. Македонија во историјата, извршено од Вермахтот, минало без злосторства од освојувачката војска и без отпор од населението. Отпорот на југословенската армија бил скршен уште во првиот ден од инвазијата, а нејзините единици во Вар. Македонија биле принудени постојано да се повлекуваат и биле разбиени, заробени или неорганизирано се распрснале. Вардарската див. во реонот Кичево-Дебар-Охрид престанала да постои пред организиран директен контакт со германските единици. Почетниот германски продор бил сличен на бугарскиот во ПСВ, во слични околности кога југословенската (во ПСВ српската) армија била соочена со истовремен напад од северната граница. За разлика од тогаш, отпорот во Вар. Македонија бил уништен од Германците со брз и ефективен продор на нејзините технолошки понапредни и воено поискусни единици уште во првиот ден од војната, проследен со воздушни напади кои ги парализирале југословенските единици. По стигнувањето до р. Вардар Германците скоро и да не се соочиле со отпор, односно до 8-9 април целосно го неутрализирале непријателот во Вар. Македонија.
Пренос на контролата кон Бугарија и Италија
Набргу контролата врз Вар. Македонија била предадена на Бугарија и Италија: поголемиот дел припаднал на Бугарија, а западниот дел бил вклучен во Голема Албанија (италијански протекторат).
Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD
Маици
Дуксери