Патриотско Друштво

Кој беше лош, а кој добар во ВМРО?

Кој беше лош, а кој добар во ВМРО?

Кој беше лош, а кој добар во ВМРО?

Како дел од Југославија, Македонија и нејзината историографија беа изложени на голема комунистичка пропаганда. Токму поради таа причина се појави фаворизирање на одредени сили во македонското револуционерно движење. Македонската револуционерна организација за жал претрпела повеќе поделби кои го ослабнале нејзиното влијание. Најголемите поделби се случиле по Илинденското востание (ТМОРО) и во периодот од потпишувањето на Мајскиот манифест до убиството на Протогеров (ВМРО). Поделбата во ТМОРО настанала по Илинденското востание. Левата реформска струја се залагала за децентрализација и приклучување на Македонија кон балканска федерација. Десницата сакала да ги задржи централистичките принципи и борбата за автономија. Истакнати дејци на левицата тука биле Пере Тошев, Ѓорче Петров, Димо Хаџи Димов, Јане Сандански итн. Од другата страна на конфликтот застанале Христо Матов, Христо Татарчев, Аргир Манасиев и до одреден степен и Даме Груев. 

Првата поделба во ВМРО (Автономистичка) се случила по контроверзите кои настанале со објавувањето на Мајскиот манифест. Дејци на левицата се отцепиле и ја формирале ВМРО (Обединета) заедно со уште неколку прогресивни организации. Со нивното дело во ВМРО (Обединета) се истакнале Влахов, Павел Шатев, Панко Брашнаров и Методија Шаторов – Шарло. Во различни периоди во ВМРО (Автономистичка) дејствувале Тодор Александров, Петар Чаулев, Томалевски и други. Со убиството на Протогеров се случила и поделбата на протогеровисти и михајловисти.  Во првите влегуваат Наум Томалевски, Георги Баждаров, Кирил Прличев итн. Ванчо Михајлов, Кирил Дрангов и Владо Черноземски ја предводеле другата страна. Комунистичката пропаганда најчесто ги фаворизирала дејците на левото крило на Организацијата. Колку повеќе се оддалечувале од оваа идеологија, револуционерите или добивале многу мало внимание во историографијата или биле карактеризирани како бугарофили. Од голема важност за македонскиот идентитет е подеднакво да ги почитуваме сите оние кои биле спремни да ги дадат животите за Македонија. Тие дејствувале во различни околности и го правеле она кое го мислеле за најдобро за нашата иднина. 

Shopping Cart

SPIN TO WIN!

  • Пробајте ја вашата среќа да добиете купон за попуст
  • 1 вртење
  • Без мамење
Пробајте ја вашата среќа
Never
Remind later
No thanks