Патриотски приказни
Македонија и светот
Зошто некој би се замарал за тоа што се случува во САД и ЕУ, или пак со било што друго поврзано со надворешна политика во време кога имаме толку многу внатрешни проблеми во Македонија?
Економска и безбедносна зависност
Таков став би бил наивен за жители на држава која скоро и да нема домашно производство и зависи од економските врски со надворешноста – имаме и конкретен пример со грчкото ембарго од 1994-95, кое ќе доведеше до целосен крах на македонската економија;
Наивно за жители на држава која во 2001 год. не успеа да се справи со терористите поради тоа што меѓународните „партнери“ директно се вмешаа во работата на безбедносните сили и одлучуваа што е дозволено, а што не, за на крај да принудат договор со кој се создаде нова држава;
Наивно за жители на држава која е раководена од странските амбасадори и европските дипломати, која нема никаква самостојност во носењето на одлуки во однос на внатрешните и надворешните работи.
Културни влијанија од Западот
Со задоцнување од неколку години до деценија, културните трендови од Западот пристигнуваат и кај нас – за жал, често се работи за негативни појави: конзумеризмот, нихилизмот, ЛГБТ идеологијата, бунтот против моралниот авторитет итн. Скоро и да е невозможно тие да се спречат поради влијанието на социјалните мрежи, медиумите, филмската и музичката индустрија. Трендовите кои се пропагираат најчесто потекнуваат од САД и се сврзани со тамошната политичка и опшествена состојба, па поради тоа Македонија и многу држави се директно поврзани со политиката, изборите и настаните во САД, особено кога ќе се додаде и тоа дека американските амбасадори се намесници во многу земји низ светот.
Позитивни примери и глобална поврзаност
Од друга страна, во недостиг на развиена домашна политичка култура, од Западот и другите краеви можеме да најдеме и позитивни примери на политички принципи и идеологии, кои можеме да ги прилагодиме на нашите услови и потреби.
Во глобализираниот свет сè е поврзано. Либералниот поредок нема да дозволи промени во политичкиот систем на ниту една поединечна држава, а поради тоа овој Бехемот мора да биде уништен преку заеднички напор на сите чесни луѓе од Западот. Секој кој мисли дека може да дојде до промени во Македонија без промена на системот на западниот свет е во тешка заблуда.
Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD
Маици
Дуксери