Патриотски приказни
Не е доволно да се порази комунизмот
“Не е доволно да се порази комунизмот, туку мораме да се бориме и за правата на работниците. Тие имаат право на леб и право на чест. Мораме да се бориме против олигархиските партии, да создаваме национални работнички организации кои ќе можат да ги добијат своите права во рамки на државата, а не против државата.” – Корнелиу Кодреану
Комунизмот и измамата за работничката класа
Една од најголемите измами на комунизмот е таа што тој во голем дел успеа да се наметне како единствен претставник и бранител на работникот.
Неуспехот на комунистичките идеи од минатиот век и мизеријата која тие ја предизвикаа во многу земји е еден аргумент за тоа зошто оваа идеологија треба да биде отфрлена. А тоа што денес комунистичките и левичарски партии и движења низ Западот и пошироко се занимаваат со сѐ – борба за права на хомосексуалците, на трансородовите лица, на малцинства и имигранти, борба против национализмот кај белечките народи и други деструктивни заложби – освен за вистинските предизвици за работникот чиј претставник се наводно тие, е уште еден дополнителен аргумент.
Националистичкиот одговор на класната борба
Да се тргнува од претпоставката дека комунизмот и освестениот работник се едно исто е пад во комунистичката замка, а да се разрешат сите замерки и поплаки на работниците како плод на некаква комунистичка пропаганда е погубен однос кој само ја засилува класната борба.
Ние националистите треба да ѝ се спротивставиме на идејата за класна борба (но не и да ја игнорираме реалноста за неа) бидејќи таа сее раздор помеѓу браќа и сестри и оневозможува постоење на здрава национална заедница.
Вистинската борба за работниот човек
Класната борба не треба да биде поттикната, туку отстранета, а до тоа ќе се дојде само преку отстранување на нејзиниот корен – на неправдите и понижувањата кон работниот човек. Бидејќи не неизмерниот капитал, не меѓународната берза, не „маргинализираните“ општествени чудаци, туку работниот човек е столбот на националната заедница и на државата.
Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD.
Маици
Дуксери