Патриотско Друштво

Тиквешко востание

Тиквешко востание од 1913 година

Политиката на србизација и угнетувањето на Македонците меѓу двете светски војни биле причина за повеќе востанија против српскиот окупатор. Едно од поголемите е Тиквешкото востание. Иако се одвивало само во Тиквешијата, востанието било од поголеми размери и во него се вклучил значителен дел од тамошното население. Го организирале дејци на ВМРО, потпомогнати од чети на Организацијата. Востанието започнало на 19 јуни 1913 година, пред 110 години. Бил создаден штаб на востаниците, а востанието било предводено од Илинденци. Дури 1000 луѓе од регионот се дигнале против окупаторот.

На почетокот востаниците доживеале големи успеси во Кавадарци и Неготино каде ослободиле преку 50 села. Биле одбиени и првите напади на српската војска, а била создадена и градска управа на слободно Кавадарци. Сепак, востаниците биле немоќни против големата српска армија која била пратена да го задуши востанието. Таа имала и помош од србомански војводи како што е Јован Бабунски, но и од локалниот башибозук. Од борбите имало околу 1000 жртви. Најстрашниот дел од востанието било неговото задушување каде се видела свирепоста на српскиот окупатор.

Дури 150 кавадарчани биле заврзани во центарот на градот и оставени да висат повеќе од еден ден. Потоа вкупно 200 кавадарчани биле стрелани во близина на градот. Никој во Тиквешијата не бил поштеден. Во српските затвори се нашле околу 2700 Македонци. Има и случаи во кои војската горела македонски деца во фурни. Тиквешијата претрпела и голема материјална штета. Како последица на востанието дури 1000 куќи биле запалени. Кога се зборува за денешното српско пријателство, сетете се на имињата и жртвата на овие Македонци. Ова се злосторства кои се случиле пред нешто повеќе од 100 години. Славата на загинатите е вечна, а вечен е и македонскиот идеал.

Shopping Cart

SPIN TO WIN!

  • Пробајте ја вашата среќа да добиете купон за попуст
  • 1 вртење
  • Без мамење
Пробајте ја вашата среќа
Never
Remind later
No thanks