Идеологија, Политика

Жената како сојузник

Жената како сојузник

Жените, како што еден пријател мудро истакна, знаат да бидат фанатични во своите гледишта и како такви се значаен политички сојузник. Во Западниот свет жените најчесто гласаат во поголем број од мажите, се интересираат за политички прашања повеќе од мажите и имаат поцврсти политички ставови, а овој тренд е сѐ позастапен кај младото население.

Жените и политичката ориентација

Тоа што жените повеќе се интересираат за политичките случувања не значи дека секогаш покажуваат интерес за правите прашања и на прав начин. За жал, се чини дека мнозинството од нив се наклонети кон неолибералните гледишта, кои се карактеризираат со бунтовништво против традиционалниот морален систем, против било каков авторитет, против одговорноста и должностите во општеството.

Ова е очекувано – таа страна им нуди целосна „слобода“, која потајно духовно ги поробува, ги продлабочува нивните проблеми и ја загрозува нивната безбедност, додека другата страна повикува на дисциплина и одговорност.

Недостатоци во десничарскиот пристап

Проблемот со втората страна не е толку во нејзините принципи, туку во начинот на кој тие се претставуваат. Десничарите/конзервативците не се одликуваат со политичка прагматичност и не успеваат да се прилагодат на денешните околности. Тие или ја прифаќаат насоката одредена од левичарите (но со поспоро темпо) за да не бидат целосно изолирани од „прогресивното општество“, или се противат на било какви отстапувања од нивниот замислен традиционален светоглед.

Потребата од трета позиција

Трета позиција, која не се поистоветува со дегенерацијата на либералната левица, ниту пак со нефлексибилноста на традиционалистичката десница, е вистинскиот правец. Ние не треба да сме феминисти и не треба да сме сексисти. Ние треба да сме трета позиција кон сѐ што преовладува денес, а особено опозиција на дуалниот лево-десно систем. Прагматичноста е наш сојузник, па со неа треба да се пристапи и на „женското прашање“.

Жената и националистичките движења

Жените не треба да се угледуваат на старлети, но не треба ниту да добиваат третман на робови. Стереотипот дека националистичките движења се антиженски настроени и дека тежнеат кон општествено поробување на жената (за жал овие гледишта навистина се често застапувани од најгласните од квази-националистите) е тој кој ги одалечува жените од тие движења.

Во реалноста, овие движења се најголеми сојузници на жената, особено белата жена, која денес во либералниот Запад е подложна на секојдневна животна опасност во големите мултикултурни градови, кои се такви какви што се поради слабоста на либералниот, феминизиран маж. Националистичкиот маж е најголемиот сојузник на жената, а жената е неговата најголема потпора. Тие заедно се двете основни клетки на националната заедница.

Потребата од женска иницијатива

Цврсто определена идеолошка програма за жената, составена од маж, ќе биде отфрлена од мнозинството западни жени поради моменталната политичка атмосфера која го труе Западот од крајот на ВСВ.

Скоро секоја здрава активност во тој однос ќе наиде на отпор и контрирање, поради недовербата која моментално владее помеѓу двата полови.
Излишни пароли и постери кои повикуваат на мајчинство и скромност во однесувањето не се решението.
Тоа што теоретски звучи најкорисно не секогаш е реално достижно.

Потребни ни се идеолошки здрави и свесни жени кои ќе ја водат борбата заедно со нас, бидејќи тие подобро ги разбираат положбата, желбите и стравовите на нивниот пол и преку тоа можат да влијаат на создавање права политичка насока во однос на жената, која ќе биде попристапна за просечната жена.

Повик до мажите

Можеби најважно од сѐ е националистичкиот маж да се однесува достојно на своите гледишта и да е пропорционално на нивото на дух и свест кое тој го очекува од жената, бидејќи не може да вреска за морал и пристојност кај жените, доколку самиот е развратник и неморален.Секој глупав коментар и идиотска замерка кон жените придонесува за нивно туркање кон феминизмот. Нашата цел е да ги придобиеме, а не да ги претвориме во непријатели. Бидејќи за оваа борба се потребни и двете страни.

Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD