ВМРО, Историја, Османлиски период

Зошто Гоце Делчев е срцето на револуционерна Македонија?

Гоце Делчев

Не може “Бугарин” да загине за македонскиот идеал кои гласи: Независна Македонија во своите етнички граници. Гоце Делчев е најважната личност во османлискиот период на македонското револуционерно движење.Тој постојано ја истакнувал идејата за автономна, а потоа и независна Македонија.

Цитати што го објаснуваат македонскиот идеал на Гоце

„Оној што сака да работи на присоединувањето на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија, тој може да се смета за добар Бугарин, Грк или Србин, но не и за добар Македонец.“

„Во бугарскиот двор влегувавме сите: едни низ главната врата, други низ малата врата, некои низ капиџик, некои низ прозорец, некои преку таван, а некои богами и преку баџа! Туку да знаеш, сите влегуваа, освен еден човек… Таму не влезе само Гоце Делчев…“ – Крсте Гермов за Гоце Делчев

Делчев како ментор, организатор и обединител

Како еден од постарите членови на Организацијата, Делчев имал улога на ментор и учител на младите Македонци. Помогнал при воспоставување на каналите за комуникација и вооружување. Тој заслужено уживал голема популарност меѓу населението и бил обединител на различните идеолошки фракции во движењето. Гоце Делчев заедно со Ѓорче Петров го изработиле Уставот на ТМОРО. Во координација со Даме Груев и дејци као Михаил Апостолов Попето, тој работел и на развивањето на четничкиот институт во сите делови од Македонија.

Зошто не држат аргументите за “бугарштината” на Гоце?

Како смешен доказ за наводната бугарштина на Гоце Бугарите го сметаат неговото писмо кон Никола Малешевски. Едно двосмислено писмо за грчката и бугарската болест не е никаков доказ за националната свест на Делчев, кој во многу наврати има изјавенот дека се чувствува како Македонец, и само како Македонец.

Уште понереален аргумент е тоа дека тој учел во Солунската бугарска машка гимназија, посебно кога ќе се земе предвид дека истата таа гимназија била центар на револуционерното ткиво на Македонци. За пофалба не се ни неговите оценки по бугарски јазик кои биле релативно слаби. Освен Организацијата, тој редовно ги помагал и другите движења кои работеле на ставање крај на вековното ропство. Пример за тоа се Гемиџиите. Гоце бил од непроценливо значење за успехот на нивните акции.

Посмртните останки – желбата да почива во слободна Македонија

Во една ретка прилика на добрососедство од Бугарија, посмртните останки на апостолот беа пренесени во црквата Свети Спас во Скопје. И тогашната бугарска власт беше свесна дека желбата на Гоце отсекогаш била да почива во слободна Македонија, а не Бугарија.