Религија

Исус или Варава?

Исус или Варава?

Еврејскиот народ со векови го чекал ветениот Спасител, Избавителот кој ќе донесе мир и вечен живот. Кога Спасителот претскажан од пророците конечно се појавил, тие го убиле. Буквално го убиле Месијата, својот Бог Кој им се открил на нивните предци и Кој сега им се откривал во ликот на Исус Христос, Богочовекот.

“Иако Зборот беше во светот и светот беше преку Него создаден, светот не Го позна. Кај Своите дојде, но тие не Го прифатија.“ – Јован 1:10-11

Моќта на манипулацијата и улогата на мнозинството

Ако група на корумпирани политичари – во овој случај фарисеите – можат да го убедат народот да го убие својот Бог, тогаш има ли нешто во кое не можат да го убедат? Знаејќи го ова, дали можеме да тврдиме дека мнозинството одлучува или треба да одлучува што е најправилно?

Симболиката на Варава и човечката природа

Како што Евреите го избраа Варава, така и сите ние постојано бираме бараби и постојано се наоѓаме во еден круг на разочарување:
ќе се појави надеж – бираме бараба – се разочаруваме – и повторно во круг.

Дури и кога ќе се направи вистинскиот избор, кратковидноста на просечниот човек оневозможува подолго да се задржи правиот курс. При најмалиот предизвик, при најмалото колебање, народот се откажува и бара други, полесни опции. Евреите свечено го пречекаа Исус во Ерусалим, за неколку денови подоцна да ја бараат неговата смрт. А Тој ниту ги навреди, ниту ги повреди, ниту бараше нешто невозможно од нив.

Универзалната порака: изборот меѓу вистината и лагата

Оваа сцена од Светото Писмо ни доловува една реалност од нашето секојдневие:

  • 9 од 10 луѓе ќе го изберат Варава – буквално и фигуративно:
  • ќе го бираат полесното, ќе ја бираат слатката лага наместо горката вистина,
  • ќе бираат краткорочно задоволство наместо долгорочна добивка,
  • ќе го бираат тоа што е поубаво за видот и слухот наместо тоа што е правилно и значајно.

Таква е грешната природа на човекот и не треба да се имаат заблуди за неа. Надежта е дека десетиот човек ќе биде доволно способен да воспостави рамнотежа, а историјата покажува дека на одредено време се појавува по еден човек кој вреди колку цели народни маси.

Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD