Донации

Патриотски донации

Дел од нашите акции и донации што ги спроведовме минатиот период.

0

ДОНАЦИИ

0

СЕМЕЈСТВА

0

СРЕДСТВА

„Св.Пантелејмон“

Преку 200.000 денари за „Св. Пантелејмон“ во Горно Нерези!Инвестиција од преку 200.000 денари за млекарата во Св. Пантелејмон со која ќе им пружиме голема помош на монасите во манастирот. Патриотско друштво заедно со сите патриоти кои нѐ следат и поддржуваат успеа да собере значителна сума на средства со која можеме да ја реновираме млекарата на манастирот. Сплотени во верата, обединети за Македонија!

За бранителот

Патриотско друштво со донација во вредност од над 1400 евра за бранителот Божидар од Чаир. Донацијата се одвиваше во неколку фази. Успеавме да му донираме и наместиме кујна, да го поправиме тоалетот и да купиме прекупотребна бела техника за семејството. Патриотско друштво не заборава за бранителите и за нивниот придонес за безбедноста и суверенитетот на Македонија.

Општина Чашка

Патриотско друштво заедно со жителите на општина Чашка организираше еколошка акција со која засадивме преку 3000 садници во општината. Чашка беше едно од местата кои беа најмногу погодени во пожарите кои ја опустошија природата во Македонија изминатото лето. Со донации од сите патриоти и со напорна работа во Чашка, успеавме да ја засадиме иднината и барем малку да ја поправиме штетата која ја нанесоа земјотресите.

Новогодишни Пакетчиња

Патриотско друштво со донација од преку 500 новогодишни пакетчиња за крај на 2024 година! Наместо влезница, гостите на најголемата македонска вечер во наша организација носеа новогодишно пакетче за да ги израдуваат најмалите. Со помош на гостите и на индивидуални донации успеавме да собереме преку 500 пакетчиња. Тие ги поделивме во повеќе градови во Македонија, како што е Скопје, Кичево, Виница, итн. Наша цел е да работиме за најмалите кои се иднината на Македонија.

Министри за спорт во државата!

Младите спортисти во државата се заборавени од истата. Бидејќи таа не ги помага идните таленти, Патриотско друштво е тука за нив. Досега имаме помогнато на повеќе клубови во државата. Оваа донација нè однесе во Тетово каде што дониравме дресови за младинската екипа на КК Тетекс. Малите кошаркари ќе се борат за боите на нивниот тим и за боите на Македонија.

Во Македонија, но и во дијаспората!

Донација од 12.000 денари за студентската организацијата на Македонците во Словенија. Патриотско друштво помогна во организација на настан на почетокот на академската 2024/25 година преку кој Македонците кои студираат во Словенија можеа да се забавуваат, да играат и да се запознаваат. Голем број на македонски студенти студираат во странство. Таму се да ја шират македонштината, да се надоградуваат и еден ден да го применат стекнатото знаење во Македонија.

Талевски од Битола!

Додека ја договаравме промоцијата на „Заклетва“ во Битола ја искористивме приликата да помогнеме на едно патриотско семејство. Семејството Талевски се состои од самохран татко кој живее под кирија со неговите четири деца. Помагаме низ целата држава и заедно ја правиме Македонија горда.

Патриотска акција во Кратово!

Дел од тимот на Патриотско друштво веднаш реагираше по трагичниот пожар во кој изгоре куќата на две семејства во Кратово. Дониравме 12.000 денари за потребите на погодените. Само со меѓусебно помагање можеме да изградиме силна држава. Биди Македонец кон Македонецот!

Тетекс мора да живее!

Да ја започнеме новата година со убави вести. Патриотско друштво направи уште една заложба да го поддржи спортот го државата. Заедно со навивачката група Војводи дониравме 12.000 денари за фудбалскиот клуб кој веќе подолг период се наоѓа во тешка финансиска положба. Се надеваме дека нашата акција ќе инспирира и други и дека Тетекс повторно ќе се врати на славните денови.

Давитковиќ од Радишани!

Уште една од низата хуманитарна акции во 2023 година. Овој пат помогнавме на семејството Давитковиќ од скопската населба Радишани. Се надеваме дека барем малку им ја олеснивме тогашната зима на Иван, Марина и Влатко. Ние како Македонци можеме да просперираме и да успееме само ако меѓусебно си помагаме. Само Македонецот е вистински пријател на Македонецот.

Николовски од кратовско!

Откако слушнавме за состојбата во која се наоѓа семејството Николовски од кратовско Секулица, веднаш излеговме на терен. За семејството успеавме да обезбедиме намирници во вредност од 18.000 денари со кои тие ќе можат да ја поминат зимата.Намирниците вклучуваат 50 конзерви туни, 20 литри зејтин, 10 килограми брашно, 60 килограми ориз, грав и леќа, 28 месни нарезоци, 4 чоколади и 15 пасти.
×

Вашата кошничка

Слика Продукт Големина Количина Цена Вкупно Функција
Вкупно: 0.00 ден
Продолжи кон плаќање