ЗА НАС

Патриотско Друштво е млада амбициозна група од патриоти исполнети со ентузијазам каде што главната цел е подигнување на националната свест кај Македонците а воедно и градење на подобро општество. Организираме и правиме најразлични проекти на кој промовираме патриотизам, секој проект што го организираме е стрикно од македонски материјали и македонски компании.
Патриотско друштво започна како идеја и визија, да се подобри моменталното општество и состојбата на македонскиот народ на секој план. Сметаме дека декаденцијата на сите морални вредности и целосната незаинтересираност на Македонците на национално ниво, комбинирана со исклучиво хедонистичкиот животен стил, посебно кај младината, треба да се смени од корен. Патриотско друштво се фокусира на државата, верата и фамилијата. Имаме хуманитарни акиции, проекти поврзани со културата и развивање на македонштината во и надвор од границите на Македонија. Од основањето до сега Патриотско друштво има донирано преку 1.500.000 денари во хуманитарни цели, а полека станува сериозна платформа со значително влијание кај младината.
*Патриотско друштво не е член и поддржувач на ниту една политичка партија.
×

Вашата кошничка

Слика Продукт Големина Количина Цена Вкупно Функција
Вкупно: 0.00 ден
Продолжи кон плаќање