Патриотски приказни
Велики Петок: Денот кога Спасителот страдаше за нас
Денес е Велики Петок, денот на Христовото распнување на крстот и смртта на Спасителот. Сите сме повеќе или помалку запознаени со настаните од овој ден, па затоа ќе биде приложен краток редослед на настаните.
Предавството во Гетсиманската градина
По наредба на Еврејското црковно собрание (Синедрионот), Исус – предаден со бакнеж од Јуда Искариот – бил уапсен во Гетсиманската градина по Тајната вечера, ноќта меѓу Велики Четврток и Велики Петок. Бил однесен во домот на високиот свештеник Кајафа, каде што собранието започнало да го испрашува, понижува, навредува и тепа Христа, по што била донесена одлука дека Исус треба да биде казнет со смрт за прекршување на старите закони.
Судењето пред Пилат и Херод
Во раните утрински часови Исус бил одведен пред Понтиј Пилат, римскиот намесник за Јудеја, за тој да ја изврши казната. Тој не нашол вина кај Христа, па кога дознал дека по потекло е од Галилеја, го пратил кај Херод, владетелот на Галилеја, кој тогаш се наоѓал во Ерусалим за тој да му пресуди. Ниту Херод не нашол вина, па го пратил Исус назад кај Пилат.
Осудата и патот кон Голгота
Пилат решил Исус да биде камшикуван и ослободен. Меѓутоа еврејската толпа предводена од свештениците инсистирала Исус да биде казнет со смрт. Пилат истапувајќи пред толпата за последен пат изјавил дека Исус е невин, ги измил своите раце за да покаже дека нема удел во осудата, но сепак наредил Исус да биде распнат поради страв од немири.
Распнувањето и полагањето во гробот
На Исус му бил ставен венец од трње на главата и тежок крст на плеќите кој го носел до ридот Голгота. По патот тој бил навредуван и плукан од еврејскиот народ. Околу 9 часот наутро Исус бил распнат на крстот. Таму страдал шест часа во агонија. Конечно, околу 3 часот попладне, Исус ја предал својата душа. Покрај крстот останале Богородица, апостолот Јован, Марија Магдалена и уште неколку жени. Бидејќи утредента било сабота (кога ништо не се работи), за да не стои телото три дена на крстот Пилат дал дозвола да го погребаат. Исусовото тело го обвиткале во платно и го однеле во нова гробница, која Јосиф од Ариматеја ја подготвил за себе си. Гробот бил издлабен во карпа, на чиј влез Римјаните поставиле огромен камен и стражи, плашејќи се дека некој може да го украде телото.
Но смртта била почетокот.
Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD
Маици
Дуксери