Идеологија

Расна лоботомија зад секој агол

Раса идеологија лоботомија

Искрено не помнам кога последен пат сум видел реклама од некоја голема компанија во која имало белечки пар – дечко и девојка белци. Дојдовме до тоа апсурдно ниво да гледаме реклами за енергетски пијалоци/коли/облека во кои главната тематика е љубовната врска помеѓу црнец и белкиња. Дури и во македонските реклами можеме да видиме расен диверзитет, почнувајќи од поголеми брендови како прилепска Газоза, па до мали онлајн проекти на интернет платформи. 

Филмската и телевизиската индустрија како носител на нови наративи

Не помнам кога последен пат сум видел нов филм (особено од последните 5-6 години) или серија во која нема барем една љубовна врска помеѓу црн маж и бела жена, а многу почесто едноставно нема еднорасни врски, или пак нема барем еден геј пар или трансексуалец. Настрана од Америка и Британија, дури и во сериите од помалите европски земји секогаш мора да има барем по еден црнечки лик, кој дури и воопшто да нема некоја важна улога е сепак таму во името на диверзитет. Во некои од новите серии на Нетфликс реткост е да се види бел маж, а и да го има, тогаш тој ја има улогата на глупак и антагонист. 

Преработка на историјата и прашањето за намерна стратегија

Масакрирањето на европската историја и митологиите е цела засебна тема. Сега има серии и филмови каде што Ахил е црнец, Артур е црнец, Цезар е црнец, легендарниот фински маршал Манерхајм е црнец и ред други. Серии каде што во средновековна Европа најнормално живеат црнци, каде што викинзи се црнци, британски аристократи од викторијанската доба се црнци, грчки и нордиски богови се црнци и слично.

Пред да се постави глупавото наивно прашање „што ти смета тоа?“, треба да се постави прашањето „зошто се форсира прикажувањето на такви работи?“. Зошто мора да има меѓурасни парови (исклучиво мажот е секогаш црн, а жената е секогаш бела со плава коса) во секоја нова серија без исклучок и зошто белечки историски личности би се претставувале како црнци? Почнува со „што ти смета, тоа е само серија“ и завршува со колумни за тоа како отсекогаш имало црнци во Европа.

Како може некој да е сведок на сето ова и да одрече дека има некаква стратегија координирана од медиумите и филмската индустрија и да продолжи да си го срка тоа што му е сервирано? 

Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD